RROMA

Is this your test? Login to manage it. If not, you can create a test just like it.

This is a non-interactive preview of the quiz content.

1.
1 point
Кога пристигна првиот транспорт на Синти и Роми во концентрациониот логор Аушвиц?
2.
1 point
Нацистичкиот прогон на Ромите се разликуваше од држава во држава и од регион во регион. Во Балканските земји и Советскиот Сојуз, мобилните одреди патуваа од село во село, при тоа масакрирајќи цели села на жители, оставајќи многу малку информации за бројот на жртвите. Најголем број на Роми загинаа под усташкиот режим во Хрватска. Во концентрациониот логор Јасеновац беа убиени најмалку илјади Роми. Според проценките на Јад Вашем најинтензивен бил геноцидот во Југославија, каде што околу 90.000 Роми биле убиени. Романскиот режим не ги убиваше систематски Ромите на својата територија, но депортираше 26.000 Роми во Транснистрија, каде што илјадници умреле од болест, глад и суров третман. Која е точната бројка на убиени Роми за време на Втората светска војна?
3.
1 point
За време на Втората светска војна се случија многу ужаси и многу човечки животи беа изгубени. За Ромите, овој темен период од историјата е познат како...
4.
1 point
Во 1936 година се отвори центарот за Расна хигиена и биолошко истражување на населението. Др. Робер Ритер и неговата асистентка Ева Јустин имаа за цел да направат темелна анализа на „Циганското прашање“ и да доставуваат податоци за новиот „Закон за циганите“ во третиот рајх.
5.
1 point
Првите кампови за затварање на Ромите беа креирани надвор од градовите во ... и претставуваа вовед во депортацијата во концентрационите логори, т.н. логори на смртта!
6.
1 point
На 15-ти септември 1935 беа изгласани Нирнбершките закони за зачувување на германската крв и чест, забранувајќи бракови и вонбрачни врски помеѓу Евреите и германците, исто така одземајќи им го нивното германско државјанство. Законите ги опфатија Ромите на 26-ти ноември 1935 година. Исто, како и Евреите, Ромите го загубиле правото на гласање на 7-ми март 1936 година!
7.
1 point
Наредбата од страна на Хајнрих Химлер за депортирање на Ромите од гетата во концентрационите логори стигна на 16-ти декември 1942 година.
8.
1 point
Прогонот на Ромите започна пред почетокот на Втората светска војна. Во 1929 година „Законот за борба против Циганите, Питачите и Мрзливите“ кој што потекнуваше од Баварија стана национален закон во Германија. Ситуацијата станува полоша кога Адолф Хитлер во ...
9.
1 point
По наредба на водачот на СС Хајнрих Химлер, вечерта на 2 август и покрај отпорот од страна на Ромите, 2897 мажи, жени и деца биле натоварени на камиони, однесени во гасната комора V и убиени. Нивните тела беа запалени во боксот до крематориумот. По ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц во 1945 година, бројот на преживеани Роми беше 4.
10.
1 point
Во мај 1944 година, нацистите почна да го планираат "конечното решение" за "Циганскиот камп" во Аушвиц. На затворениците на кампот им беше наредено да останат во бараките и тие беа опкружени со 60 СС војници. Но, тогаш тие се соочиле со бунт од страна на мажите, жените и децата, вооружени со ништо повеќе од стапчиња, алатки и камења, и на крајот СС војниците мораа да се повлечат. Отпорот од страна на Ромите им дал само неколку дополнителни месеци на живот. Првичниот датум за ликвидација на "циганскиот камп" беше ....